Сместување

Охрид
34+6 Соби

Апартмани Тип 1

Ние располагаме со 3 Апартмани од овој тип. Сите апартмани се опремени со Кабелска Телевизија, Климатизација, Директна Телефонска линија, Интернет конекција (WiFi) и приватна бања со туш кабина.

Апартмани Тип 2

Ние располагаме со 3 Апартмани од овој тип. Сите апартмани се опремени со Кабелска Телевизија, Климатизација, Директна Телефонска линија, Интернет конекција (WiFi) и приватна бања со туш кабина.

Двокреветна/Твин Соба

Располагаме со 34 соби од овој тип. Сите се опремени со прекрасен ентериер (внатрешност).

Трокреветна Соба

Ние исто така имаме Трикреветни Соби. Сите соби од овој тип се опремени со прекрасен ентериер.

Што Добивате

Удобности и Услуги

Бесплатно WiFi
Бесплатен Паркинг
Комфортни Спални
24/7 Рецепција
Кабелкса Телевизија
Климатизација
Појадок/Ручек/Вечера
Приватни Бањи
Фрижидер во Секоја Соба
Градски Пазар и Чаршија

Во непосредна близина на самиот хотел се наоѓа градскиот пазар за зеленчук и овошје. Додека престојувате во хотелот можете одблиску да ја запознаете традицијата и растенијата и плодовите кои се специфични за поднебјето во Македонија. Исто така веднаш до градскиот пазар, се наоѓа старата чаршија која е преполна со занаетчиски дуќани и ве води за нецели 5 минути до „Чинарот“ – најстарото дрво – природен споменик на Охрид.

Историски Знаменитости

На нецели 5 минути, хотелот е оддалечен од чинарот а на 7 минути од строгиот центар на градот. Низ чаршијата прво ќе поминете по старата калдрма, па од кај чинарот ќе ја здогледате „Али Пашината“ џамија. На градскиот плоштад ќе видете многу споменици и други знаменитости како и Охридското езеро – најстарото езеро во Европа. Од хотелот десно по нагорниот пат, за нецели 5 минути сте во стариот дел од градот, Горна порта, антички театар, Самоилова тврдина итн. Духот на Охрид ќе ве понесе да имате незаборавен престој како во градот такаа и во нашиот хотел.

Ресторан и Бар

Ресторанот е во склоп на хотелот. Располага со капацитет од 120 седишта. Отворен е за доручек, ручек и вечера. Врвен кувар ги подготвува највкусните јадења за Вас. Откако ќе завршите со оброкот излезот од ресторанот ве води низ бар рецепцијата, каде во пријатен амбиент можете да го испиете вашиот чај или утринско кафе а нашите вработени се секогаш тука за Вас да ви излезат во пресрет.

Постојка за Струга

Лево од хотелот, излегувате на главната раскрсница каде на 3 минути пешачење од хотелот има автобуска постојка за Струга. Тука можете да најдете автобус каде за околу 1 евро ќе можете да отпатувате до Струга (град оддалечен на околу 30 минути возење од Охрид), и да ги разгледате и убавините на овој град како и реката „Црн Дрим“ симбол на овој град.

Заинтересирани?

Резервирајте Сега